Поплави во Италија-најмалку 5 загинати

Најмалку пет лица го загубија животот, а тројца се водат за исчезнати поради бурата која денеска ја погоди Италија, а најпогоден е градот Ливорно.

Четири лица од исто семејство се пронајдени мртви во поплавена куќа во Ливорно, улиците буквално се претворија во реки ги носат автомобилите.

Според италијанските медиуми, жртвите се мало девојче, нејзините родители и дедото.

Петтото тело е пронајдено на подрачје кое било погодено од лизгање на земјиштето, а таму три лица се водат за исчезнати, соопшти италијанката Противпожарната единица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.