Поплави во Кумановско

Врнежите од дожд што во текот на ноќта го зафатија кумановско предизвикаа излевање на реките Слупчанка и Матејчанка.

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека реката Слупчанка поплавила подрумски простории на околу 10-тина куќи во селото Опае и оти во моментот се преземаат мерки за санирање на последиците. Оттаму додаваат дека излеаната вода почнала да се повлекува.

Покрај реката Слупчанка, од своето корито се излеала и реката Матејчанка поплавувајќи обработливи земјоделски површини.

Синоќа на подрачјето на Куманово наврнале 14,8 литри дожд на метар квадратен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.