Свет

Поплави во Луизијана и Мисисипи: Најмалку 3 лица загинаа

Поплави во Луизијана и Мисисипи: Најмалку 3 лица загинаа
Најмалку три лица загинаа во големите поплави што зафатија делови од американските сојузни држави Луизијана и Мисисипи.

Тројцата мажи биле пронајдени удавени во своите автомобили во близина на главниот град на Луизијана, Батон Руж.

Неколку стотици луѓе се евакуирани,  а гувернерот на оваа сојузна држава, Џон Едвардс прогласи вонредна состојба, по што се затворени училиштата, владините институции и многу патишта. Поплавите се резултат на интензивните поројни дождови, кои доведоа до излевање на неколку реки.

Предупредување за опасност од поплави е издадено и за повеќе реони во Мисисипи.

flaflood

flood_41