Поплави во Романија, десетици фарми под вода

Десетици фарми се поплавени од поројните дождови во последните денови во јужниот дел на Романија. Најзасегнати се окрузите Прахова, Дамбовица и Олт, каде што пожaрникарите спасувале луѓе и животни блокирани од водите.

Три лица и над 700 животни биле спасени од пожарникарите во округот Прахова. Стотици семејства од село во округот Дамбовица ќе добијат вода за пиење од цистерни, откако водите на две реки во реонот излегоа од своите корита. Петнаесет лица, од кои седум деца, беа спасени од надојдените води од пожарникари, откако останале во текот на ноќта блокирани во близина на реката Дамбовица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.