Поплави во северозападниот дел на Италија

Силен дожд синоќа предизвика поплави во северозападна Италија, при што многу патишта, училишта и фирми денеска останаа затворени, јавија локалните медиуми.

Најтешко се погодени реоните Пијемонт и Лигурија, во близина на границата со југоисточна Франција, која исто така е погодена од невреме и дождови.

Италијанските телевизии објавија видеа на кои се гледа дека се излила реката Танаро поради што градот Гаресио во провинцијата Кунео е „отсечен од светот“.

При поплавите кои го погодија овој регион во 1994 година настрадаа 70 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.