Поплави во Србија, на сметката на Владата стигнaа седум милиони евра помош

Министерот за финансии Лазар Крстиќ изјави дека на динарската и на девизната сметка на Владата на Србија до сега стигнале повеќе од седум милиони евра помош во загрозените подрачја од поплавите.Најави дека ребалансот на буџетот ќе биде завршен во јули, бидејќи најголем дел од средствата потребни за обнова ќе бидат од буџетот.

Лизгалиштето кај Мал Зворник, поради кој магистралниот пат Лозница-Љубовија-Бајина Башта веќе шести ден е во прекин, и понатаму работи, а во тоа место пристигнале и стручњаци од Сообраќајниот институт ЦИП за да ја проценат ситуацијата.

Како што пишува Блиц, можеби овие катастрофални поплави не можеа да се спречат, но се повеќе има индиции дека луѓето од Обреновац можеа на време да бидат евакуирани.

Четири дена пред Колубара да ги поплави Ваљево и Обреновац, а Јадар да ја поплави Лозница, Хидрометеоролошката служба најави дека постои опасност од поплав