Поплавите го урнаа манастирот „Света Богородица“ во Бугарија

Поплавите предизвикани од поројните дождови во Бугарија однесоа најмалку 11 животи и целосно го потопија и бугарскиот манастир „Света Богородица“.

Борбата за спасување на манастирот ја води 80 годишна старица.

По поројните дождови, водата  достигнала над 2,5 метри. Од Стихијата се уриваат ѕидовите, а во моментов калта е до колена. Чешмата е преплавена, клупите и асфалтот се оштетени, саксии со цвеќиња се уништени, насекаде има разнишани врати и паднати гранки. На дрвјата и грмушките во дворот има заглавени ќебиња, килими и перници, пишуваат, бугарските медиуми. За иронијата да биде поголема во манастирот има само 80 годишна старица која се грижи за објектот. Бара помош да се спаси манастирот, кој се урива од поплавите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.