Мисајловски и Бакрачески на терен: Поплавите направија големи штети во Охрид и охридско (ФОТО)

Мисајловски и Бакрачески на терен: Поплавите направија големи штети во Охрид и охридско
Мисајловски и Бакрачески на терен: Поплавите направија големи штети во Охрид и охридско

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски заедно со претставници на Општина Охрид предводени од градоначалникот Никола Бакрачески денеска извршија обиколка на повеќе локации во градот и околината засегнати од поплавите, како и на критичните точки каде од вчера интензивно механизација врши чистење на одводните канали за да се спречат слични појави во иднина.

– Можам да констатирам дека само за 12 часа, 95 отсто од критичните места се санирани и се надминати сите штети. Механизацијата е тука, како помош од Градот Скопје, така и од јавните претпријатија во Охрид и од „Македонија пат“. Продолжуваме да сме на терен за во случај да дојде до повторно влошување на временските прилики, истакна Мисајловски.

Тој изрази уверување дека со подобрувањето на временските прилики во текот на денешниот ден ќе бидат санирани сите места погодени со поплавите.

misajlovski 11

vlado

 

Во врска со вкупната хидролошка состојба во земјата Мисајловски рече дека не е критична, но со забелешка за пораст на водостојот на реката Вардар на потегот Удово – Демир Капија, како и на нивото на Црна Река.

– Будно ги следиме состојбите во рамки на Координативното тело за кризи, со цел се утврди што може да се очекува во иднина, со оглед на најавените повторни врнежи следниот викенд. Ќе препорачаме превентивни мерки до сите општини, за веднаш да се реагира доколку има потреба, рече министерот.

Нагласи дека дополнителна механизација е ангажирана на сите места каде се регистрирани свлечишта.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески заедно со претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување и надлежните служби и јавните претпријатија, денеска ги посети поплавените подрачја и направи увид на на зафатите за итно санирање на критичните  места.

-Имаме сериозини последици од обилните врнежи кои ноќеска  паднаа од 90 до 100 литри на метар квадратен. Штети има  на неколку локации во градот и во селата. На улицата „ Железничка“ има поплавени куќи веднаш под патот, кои се под вода поради  ниската положба на земјиштето и малиот капацитет на одводните канали кои ја дренираат водата од поголемите канали кај реката „ Грашница“ . Сериозни проблеми со  одрони од камења и свлечишта има во селото Велгошти кај училиштето каде е наведнат потпорен ѕид и има една бандера која е наведната и има опасност од прекин на електрична енергија. Екипи од јавните претпријатија  „ Охридски комуналец“ и „ Нискоградба равботат“ на отстранување на оваа локација.На  потегот од хотелот „ Метропол“ до центарот на Пештани има наноси. Има поголем нанос   кај населбата „ Елешец“ каде екипи на „ Македонија пат“ РЕ „ Водовод“- Охрид работат на расчистување на свлечиштето и ги отстрануваат наносите во центарот на Пештани. Поплавени се и повеќе  куќи во населбата „ Далјан“ и на  улиците „ Стив Наумов“ ,Абас Емин“ и „ Дејан Војвода“, каде години наназад  има  поплавување при поголеми врнежи- рече градоначалникот Никола Бакрачески.

poplava

Екипи на локалната самоуправа со екипи од јавните претпријатија и противпожарната единица ги користат сите човечки ресурси и се ангажирани за да се отстранат последиците од невремето. Градоначалникот Бакрачески ги повика и приватните компании кои имаат механизација да помогнат за справување со оваа елементарна непогода. Дополнително, како што рече градоначалникот Бакрачески, ќе се вршат проценки на штетите во Охрид, а  сега најважно да се санираат критичните места како превенција од евентуални нови обилни врнежи. Каналите, како што беше речено, се чистени пред  и по завршување на летото, но големите дождови и покрај расчистувањето ноќеска, не можеа да ја поднесат сета вода од врнежите.