Македонија,Економија

Поплавите не ја загрозија безбедноста на рудникот „Саса“

Поплавите не ја загрозија безбедноста на рудникот „Саса“

Стабилна е моменталната состојба во рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, по дводневните поплави во регионот и во Македонија. Работниците и инфраструктурата во рудникот не се загрозени, а работата се одвива според вообичаената динамика.

Се спроведуваат засилени контроли врз состојбата на опточниот тунел, преку кој Каменичка Река, која поминува под јаловиштата на рудникот, се влива во Калиманското Езеро.

Дежурните екипи на рудникот спроведуваат 24 часовен мониторинг на стабилноста на браната од јаловиштето и преземаат мерки за одржување на високо ниво на круната на браната. Со цел да не дојде до нејзино прелевање, засилени екипи на рудникот испумпуваат вода до проектираното ниво на сите јамски водови и на самата брана во моментов нема пукнатини и свлекувања на земјиштето.

Новата брана на јаловиштето на рудникот Саса е изградена во ноември 2009 година, според проект за надвишување на хидројаловиштето од кота 960 мнв, до максимално можно ниво, и истата без никакви последици може да издржи и поголеми поплави. Според податоците добиени од пиезометрите на браната, моменталната кота на езерото е 963 мнв, песочната брана е на кота 969,5 мнв. и може да акумулира 600 000 м³ вода.

Во 2003 година, поради руинираноста на опточниот тунел и лошата состојба на колекторите, се случи голема еколошка хаварија по масовното излевање на јаловиштето на рудникот Саса.