Поплавите во регионот ја земаа првата жртва

Седумдесет и шестгодишниот Јак Тахири од  општина Ѓаковица е првата жртва на поплавите во Косово.

Според портпаролот на општината Тахири се удавил околу 13 часот во селото Кушевац откако во обид да го помине мостот кој се наоѓал над еден надојден поток, паднал.

Поплавите ги погодиле и другите градови на Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.