Попоски: Апсолутно мнозинство за непречено продолжување на реформите

Денешната посета на Гостивар од страна на носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6, Никола Попоски, продолжи со средби со граѓаните на населбите Балин Дол, Питарница, Малеарди и Млаки.

Дополнително, Попоски ја посети црквата Св. Петка и зема учество на еколошко-здравствената трибина организирана од Комисијата за животна средина и образование на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

На средбите со гостиварци Попоски ги истакна проектите содржани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено”. Исто така, тој особено ја нагласи потребата од добивање на 62 пратеници во Собранието на Република Македонија за коалицијата “За подобра Македонија” со цел непречено продолжување на реформскиот процес на Македонија и полесно надминување на внатрешните и надворешните предизвици на државата.

Агендата на Попоски во гостиварско продолжува со посети на селата Врапчиште и Долна Бањица, каде ќе оствари средби со локалното население и претставниците на турската заедница.