Македонија

Попоски на Бледски стратешки форум

Попоски на Бледски стратешки форум
Попоски во посета на Јапонија

На 10-иот Бледски стратешки форум, кој се одржува во Блед, Република Словенија ќе учествува Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Годинешниот Бледски стратешки форум ќе биде под насловот, „Визии на нови партнерства“
Годинешниот Бледски стратешки форум ќе биде под насловот, „Визии на нови партнерства“

Како што соопшти МНР, годинешниот Бледски стратешки форум ќе биде под насловот, „Визии на нови партнерства“, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на земјата домаќин, Борут Пахор, претставникот на генералниот секретар на ОН, Кристијан Фрис Бах,  премиерот на Големото војводство Луксембург, Ксавиер Бетел, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ,  претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ и генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Ламберто Заниер.

Воведно обраќање на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск
Воведно обраќање на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск

Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратешки размислувања”.

Во рамки на истата панел дискусија свое обраќање ќе имаат и шефовите на дипломатиите на Албанија Дитмир Бушати, на Турција Мевљут Чавашоглу, на Босна и Херцеговина Игор Црнадак, на Бугарија Даниел Митов, на Унгарија Петер Сијарто, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи.

Воведни обраќања на Бледски стратешки форум
Воведни обраќања на Бледски стратешки форум

Пред присутните ќе говорат и заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски односи во Стејт-департментот Хојт Ји, германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот, министерот за европски односи на Француска Република Арлем Дезир, како и директорот за истражување и професор на францускиот Центар за меѓународни студии, Жак Рупник.

На маргините на форумот, предвидено е министерот Попоски да оствари повеќе билатерални средби.