Попоски: Деструктивното однесување на опозицијата е услуга за грчкото вето

По  средбата со првиот човек на директоратот за проширување на ЕК, Кристијан Даниелсон, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски во разговор за телевизија „Сител“ потврди дека ефикасноста на институциите е од врвен приоритет на Унијата.

„Во делот на разговорите што ги имавме со ЕК значаен дел беше посветен и на тоа околу ефикасноста на институциите. Мислам дека во овој момент тоа што ќе определи каква оценка ќе донесе ЕК ќе биде капацитетот на сите политички сили да работат во рамки на институциит“, изјави Попоски.

За се погласните шпекулации дека земјава може да ја загуби препораката за почеток на преговорите со Унијата, токму поради бојкотот од СДСМ, Попоски смета дека најдобро алиби на грчкото вето може да му даде токму опозицијата.

„Што се однесува до Македонија, подолжуваме со оние мерки кои ги имаме од наша страна преземено за градење на доверба. Тоа ќе го правиме и во следниот период . И сакаме да бидеме во чиста ситуација во која нема да може грчкото вето да се скрие зад несовесноста на деструктивното однесување од страна на нашата најголема опозициона политичка партија. А, токму таа услуга ја бараат од нив, вели Попоски.