вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 47

Попоски ги прими акредитивните писма од новиот кинески амбасадор Јин Лисјен

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на НР Кина во Република Македонија, Јин Лисјен.

амбасадор

Поврзани вести

Министерот Попоски на амбасадорката Јин и посака успешна дипломатска мисија и изрази очекување дека за време на нејзината мисија во Република Македонија извонредно добрите односи меѓу двете земји ќе добијат уште позасилена динамика.

На средбата беа истакнати приоритетите за идната соработка, усвоени на Петтиот состанок на шефови на влади на НР Кина и земјите на ЦИЕ, одржан во Рига, Латвија. Беше поздравен заклучокот за воспоставување на Центар за културна соработка меѓу Кина и државите од Централна и Источна Европа во Скопје, во рамки на иницијативата „One belt – one road“ од процесот 16+1 (Шестнаесет држави од ЦИЕ и Кина).

На средбата се разговараше и за мултилатералната соработка, како и за други регионални и меѓународни актуелни теми.

Најчитани вести