Македонија

Попоски ги прими копиите од акредитивите на португалскиот амбасадор

Попоски ги прими копиите од акредитивите на португалскиот амбасадор

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Португалија во  Македонија, Аугусто Хозе Пестана Сараива Пежото.

На средбата со новиот португалски амбасадор беше изразена взаемна подготвеност за динамизирање на македонско-португалските билатерални односи и продлабочување на соработката во повеќе сфери. Активен меѓувладин политички дијалог во претстојниот период ќе произведе можност за поблиска економска соработка меѓу двете држави.

Попоски нагласи дека Македонија особено ја цени подготовеноста на Португалија да поддржи што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство на Република Македонија во Европската Унија, како и за стекнување полноправно членство на нашата земја во НАТО Алијансата.

Амбасадорот Пежото ја повтори определбата на Португалија за поддршка на процесот на проширување на Европската Унија во регионот на Западен Балкан.