Попоски: Граѓаните знаат добро да расудуваат за тоа што е фер и што е демократски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во вечерашното гостување во Телма, на прашање за неучеството на СДСМ на претстојните предвремени парламентарни избори кои треба да се одржат на 24 април, потенцира дека тоа се должи на несигурноста на опозицијата и свесноста дека ќе ги изгуби изборите.

Бидејќи прашањето ви беше повеќе насочено кон политичките консеквенции од тоа, односно можноста да биде нелегитимен овој изборен процес, тоа ќе го утврдиме само кога тој изборен процес ќе се спроведе. За мене е многу по сериозен индикатор тоа кој што сака да се случи во однос на изборите. Доколку вие по секоја цена бегате од избори може многу повеќе да значи дека не верувате дека ја имате поддршката, отколку дека не верувате дека изборниот процес ќе биде балансиран, фер и демократски. За мене прва претпоставка би била дека граѓаните знаат добро да расудуваат за тоа што е фер и што е демократски, доколу им  го вратиме мандатот ним ќе бидат во најдобра позиција да одлучат што се следните чекори кои треба да ги превземеме, а секоја друга шпекулација што би било кога би било јас не би се чувствувал комфорен да ја коментирам во ова фаза, истакна Попоски.