Попоски: Интеграцијата во ЕУ најдобра гаранција за стабилен Балкан

Bundesminister Sebastian Kurz trifft den mazedonischen Au?enminister Nikola Poposki. Wien, 16.03.2017, Foto: Dragan Tatic

Како што соопшти МНР, министрите разговарале за регионалната стабилност и потребата од интегрирање во ЕУ како најдобра гаранција за развој на Балканот.

Што и да се случува во регионот, какви и да се предизвиците, доколку членството во ЕУ изгледа достижно, тоа ќе ги стабилизира сите земји, а ќе ги релаксира и предизвиците внатре во Унијата. Мигрантската криза, геополитичките поместувања, заканите од радикализам и тероризам и глобалната конкурентност се само најсвежи примери за тоа дека делиме исти интереси. Единствено логично е да бараме обединување околу една кауза: да сме дел од ЕУ и од заедничкиот пазар е веројатно наједноставната гаранција за мир и развој во Македонија и Регионот, истакна министерот Попоски по средбата.

Средбата се одржа за време на посетата на Попоски на Виена, за време на која  се обрати на седница на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.