сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 26

Попоски: Изградбата на регионалниот пат Скопје- Македонски Брод започнува од 2017 година

poposki-nikola

Последни вести

Наредната година ќе започне изградбата на регионалниот пат Скопје- Македонски Брод, а американска компанија во делот на муницијата ќе отвори нови 200 работни места, а до јуни наредната година бројот на вработените во истата ќе достигне до 600 луѓе, ова го истакна носителот на листата во ИЕ, Никола Попоски, во своето обраќање на митингот во Македонски Брод.

-Чест и задоволство ми е што сме собрани денес тука заедно во една од најубавите македонски општини, полна со луѓе кои имаат дух, душа, знаат да ја чуваат македонската традиција, чесни луѓе, домаќини, големи домаќини. Добри и позитивни луѓе и покрај тоа што бевте жртви на една транзиција која секој од вас дирекно ја почувствувал врз плеќите, секој од вас се сеќава на таа мрачна транзиција, едно време во кое се натпреваруваа колку работни места че се смалат, колку фабрики ќе затворат, колку фирми нема да функционираат, е тоа беше таа мрачна транзиција во која времето го одбележаја едни ликови кои денес така мскирани сакаат да не прелажат, замислеле ќе носеле живот, за кого бе, па они животот го зедоа од оваа држава. Значи оние истите ликови кои неколку пати се мереа кој колку работни места ќе затвори, колку фирми ќе затвори денес маскирани излегуваат и велат еве сега ние имаме програма, сакаме да добиеме повторно вто0ра шанса и ако може уз пат да ја редефинираме државата така барем велат, незнам најдобро е да ги слушнете што велат и што мислат, рече Попоски.

-Од друга страна добро е што доаѓаме во фаза на избори бидејќи, тогаш најдобро секој од нас дома да седнеме и да си го направи есапот, кој што понудил колку завршил, што направил, што останало да се заврши и врз основа на такви прецизни податоци да донесе одлука кому сака да ја даде подршката во следниот период, тоа е празник за демократијата, празник за демократијата во било која земја кога доаѓаат избори и тука можеме да се прсметаме. Јас ќе ви речам една работа бидете мудри како што секогаш сте биле. Видете кој какви дела има оставено зад себе, кој е способен за што да направи и кој најмногу ќе ги исполни вашите желби, тоа што вам ви треба. Не слушајте ниту демагогии, ниту идеологии, ниту некои приказни кои ви ги продаваат оние ликови од мрачната транзиција, бидејќи главната идеологија што ја имаа беше „да затвориме едно место повеќе“, е по тоа се мереа, мислам дека во тоа имаа силна конкуренција помеѓу нив, дополни носителот на листата во ИЕ1, Никола Попоски.

Тој исто така додаде дека на другата страна стојат луѓе кој што се реални и луѓе кои што не ветуваат се и сешто.

-Од друга страна треба реално и да ја погледнеме вистината во очи и да видиме кои се другите опции. Ние тука не сме луѓе познати по тоа дека трчаат наоколу и ветуваат брда и долини, знаете и такви има. Од другата страна имате луѓе, јас ви предлагам да ги судите според делата, што оставиле зад себе, колку работи решиле, колку не решиле, што ветиле и колку од тоа испорачале. За ова група луѓе тука кои се присутни, на листата број иден во ИЕ1 добро е да знаете уште една работа. Ние не ги делиме луѓето, дали се од прилеп, дали од Кичево или Македонски Брод, кој каде и како припаѓа туку гледаме да направиме проект повеќе за сите граѓани за сите луѓе во Република Македонија и тоа е онаа клучна разлика која прави да без никаква заблуда да се одлучиме помеѓу една листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ на чело со Никола Груевски и онаа мрачната екипа која сака сега да ни се маскира и да ни се презентира како нови ликови, додаде Попоски.

Истакна и дека оваа гарнитура посветено работи за во Македонски Брод да ја намали невработеноста, да го промовира туризмот и да креира нови проекти.

-Македонски Брод е град во кој оваа гарнитура посветено работи да ја намали невработеноста, да го промовира туризмот, да креира нови проекти. Најдобар доказ за тоа е она што веќе можеме да кажеме дека имаме договорена инвестиција од сериозен американски инвеститот во делот на производството на муницијата, кој има купено простор и кој до јуни наредната година ќе вработи 200 лица, а кога ќе стигне во оптимална фаза ќе вработи до 600 лица тука од Македонски Брод. Овој тим има отидено на терен, има најдено инвеститори и ги има убедено да дојдат во Македонија прво и потоа да ги убедиме да дојдат и да инвестираат тука во Македонски брод, па нека повелат овие господава што кажуваат живот носеле нека кажат еден пример кој тие го изработиле и го направиле во таа насока,…нема, е тоа е одговорот нема, истакна во своето обраќање на митингот во Македонски Брод носителот на листата во ИЕ, Никола Попоски.

Попоски ја најави и изградбата на регионалниот пат Скопје-Македонски Брод.

-Еден од капиталните проекти за овој регион и за Скопје е и изградбата на регионалниот пат Скопје-Македонски Брод која ќе започне во 2017 година, започната веќе и тендерската процедура, има јавно надавање и веруваме дека на самиот почеток од 2017 година ќе отпочнат градежните работи. Го реконструиравме регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод во должина од 37 километри во вредност од 282,5 милиони денари, исто така имаме направено повеќе локални патишта, рече Попоски во своето обраќање.

Најчитани вести