четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 87

Попоски: Ќе направиме ново средно училиште, затворен базен и 5 нови градинки во Аеродром -Врз основа на овие параметри, проектите кои сме ги испорачале, реалноста која ја имаме кога ветуваме работи и нашата одлучност да им кажеме НЕ на сите оние професионални сејачи на магла, и да ги пратиме таму кај што заслужуваат, ќе ве повикам на 11 декември сите заедно, еден по еден да им упатиме една јасна порака- За Македонија се работи!

Аеродром е едно од најдобрите места за живеење за младите. Во следниот период од клучните проекти во нашата програма имаме предвидено изградба на ново средно училиште, изградба на затворен базен, нова спортска сала во Долно Лисиче, реконструкција на основните уличишта во Долно, Горно Лисиче и Ново Лисиче со што ќе се заокружи еден инвестициски циклус во делот на спортот, рекреацијата, образование, работи кои се најзначајни за младите.

110431326

Поврзани вести

Ова го истакна Никола Попоски, носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, во првата изборна единица, при вчерашната посета на општина Аеродром.

-Треба да расчистиме со оние кои креираат криза во изминатите две години и мислеа дека сме глупи, дека не разбираме, дека можат магфла да ни продаваат и со продавање магла да дојдат до власт. Зошто? За да ја разнебитат Македонија. Ете затоа, тоа им било целта. А има повеќе причини зошто ние ќе им го кажеме ова.

1

Првото е бидејќи ние работиме со реални работи, тоа што го кажуваме, тоа го испорачуваме и со секој проект се трудиме да го подобриме животот на сите граѓани во оваа држава. А тие, работат по друг модел- сејачи на магла. Не им е проблем било што да ветат бидејќи на крајот на денот никогаш не биле одговорни да го испорачаат истото. На такви луѓе може ли некој да им верува? Нив дома не им веруваат, како да им верува народот.

2Втората работа за која треба да ги испратиме таму каде што заслужуваат да бидат е затоа што сега замислете излегле со програма. СДСМ излезе со програма, ова е виц. Немало никогаш таква работа. Ние за разлика од нив излегуваме со програма базирана на тоа што во минатото сме го испрачале и затоа знаете дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе стави во својата програма „Реално“ дека ќе направиме ново средно училиште, тоа и ќе го направиме. Кога ќе ставиме дека ќе направиме нов затворен базен во општина Аеродорм, ќе направиме. Кога ќе речеме дека 5 нови градинки ќе има во општина Аеродром, ќе има 5 нови градинки…

Третата работа, можеби и најважната поради која треба сериозно да се пресметаме и да им упатиме една порака која нема да им остави многу простор понатаму да се занимаваат со политика е дека ВМРО-ДПМНЕ не прави пазар. Не одиме на избори за да правиме после тоа пазар на грбот на македонските интереси, потенцираше Попоски.

ВМРО-ДПМНЕ лошо не мисли никому, додаде тој, ама ВМРО-ДПМНЕ е крајно посветена, одлучна од прв до последен да испорача тоа што е интерес на македонскиот народ, на Македонците и на сите граѓани во Македонија, а не да ги фрли националните интереси на буниште- тоа нема да го дозволиме.

4-Врз основа на овие параметри, проектите кои сме ги испорачале, реалноста која ја имаме кога ветуваме работи и нашата одлучност да им кажеме НЕ на сите оние професионални сејачи на магла, и да ги пратиме таму кај што заслужуваат, ќе ве повикам на 11 декември сите заедно, еден по еден да им упатиме една јасна порака- За Македонија се работи!

Најчитани вести