среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 53

Попоски: Ќе се покачат пензиите за 10.25 проценти

На овие избори ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија оди со најобемна, нејдеталната програма досега која го одразува реалните потреби на граѓаните. Затоа и ја нарековме „РЕАЛНО“ бидејќи планираме се она што се содржи во програмата да биде исполнето, истакна Никола Попоски , носителот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 по средбата со пензионерите во Пензионерски клуб „Мирче Ацев“.

пензиите

Поврзани вести

Од оние проекти кој би сакал да ги издвојам во оваа прилика, покачувањето на пензиите кое е предвидено во следниот четиригодишен период за 10,25 %  е прилично значајно. Воедно и унапредување на условите за здравствените услуги . Имаме два проекти кои би сакал да ги издвојам , а тоа реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември, како и на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Ова се само дел од проектите содржани во програмата „РЕАЛНО“ која е изработена заедно со граѓаните и е насочена кон исполнување на нивните најклучни потреби, рече Попоски.

Најчитани вести