Попоски: Ќе го реконструираме патот Тетово – Брвеница – Чегране – Гостивар

Носителот на кандидатската листа во шестата изборна единица, Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, денеска ја  посети компанијата за преработка на камен и изградба на патишта „Прогрес 98“, во Гостивар.

„ ВМРО-ДПМНЕ во својата програма  има предвидено многу проекти од големо значење за регионот. Од многуте, би го споменал проектот: Рехабилитација на регионалниот пат Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар,  којшто ќе придонесе за подобрување на комуникацијата меѓу жителите на овие населени места и подигнување на безбедноста“ истакна Попоски, при неговата средба со Гостиварци.

Тој се сретна со Советот на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и изрази задоволство од нивната активност и ангажираност како во минатото, така и во моментов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.