Попоски: Кога Ховит оди на настани на СДСМ не е проблем, но Курц заземал страна?!

Присуството на шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, на вчерашниот голем предизборен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, мошне очекувано предизвика бура гневни реакции кај поддржувачите на опозицијата.

Недолични коментари на видни членови на СДСМ и разни опозицициски „аналитичари“ и новинари ги преплавија социјалните мрежи.

Носителот на листата во првата изборна едница на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, денеска на својот Фејсбук профил реагираше на ваквата хајка против Курц, посочувајќи дека кога Ричард Ховит како левичар одеше на настани на СДСМ и најотворено заземаше страна за сестринска партија и тоа од позиција на известувач во Европскиот парламент, што по дефиниција треба да има неутралност, тогаш тоа не беше проблем.

„Но, ако случајно некој десничарски политичар дојде на настан на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш тоа било заземање страна… Па барем малку објективност да се задржи. На крајот, мислам дека ни требаат пријатели на Македонија и од лево и од десно, а народот во Македонија е тој што одлучува суверено каков треба да е составот во Собранието по избори. Дајте да се обединиме околу една и единствена причина – европската кауза на Македонија!“, напиша Попоски.

poposki

 

Меѓу коментаторите кои  присуството на Курц на вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ го ставија во главен фокус, се и Едмонд Адеми, Ивор Мицковски, Зоран Фидановски кој член во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Бранко Тричковски, Рамадан Рамадани…

 

 

ademi

fidanoskikomentarikomentari1komentari2mickovskiinikola-dimitrov

ramadan-ramadani

trickovskizarko-jordanovski

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.