Попоски се сретна со Коѕијас

На покана на минстерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас ,министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денеска оствари официјална посета на Грција,.

На средбата со Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас беше разговарано за интензивирање на соработката во поголем број области, како  меѓу двете министерства, така и на полето на актуелната мигрантска криза, но и за мерките за градење доверба.

Нашите средби се поврзуваат со наметнатиот билатерален спор. Во спорот за името, како и во географијата, меѓу двете земји навистина постојат планини. Од друга страна имаме многу слични стратегиски интереси.  Македонија има интерес за одлични односи со Грција. Мерките за доверба можеби се симболични но се доста значајни во многу области, истакна Попоски

pk_1

Попоски нагласи дека позициите на двете страни во однос на името се добро познати,  но и дека има корист од подобрување на климата меѓу двете земји.

Никој нема корист од лажни очекувања. Постојат разлики во ставовите и тоа е факт. Ние имаме политичко преземена обврска дека не може да има било какво решение за името и задирање во Уставот кое би се рефлектирало на нашите национални параметри,  без тоа да биде поддржано од мнозинството граѓани на референдум на национално ниов, рече Попоски.

Во рамки на посетата Попоски оствари средба и со Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, со првиот потпретседател на Парламентот на Грција, Анастасиос Куракис, и со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита, Никoлаос Тоскас.

pk_3

На средбите МНР Попоски истакна дека интензивирањето на висок политички дијалог меѓу двете земји, оживување на парламентарната соработка , примената на мерките за градење  доверба, и соработката  околу мигрантската криза  се од заеднички интерес за двете земји.

Заеднички беше констатирано дека Грција е значителен економско- трговски партнер на Република Македонија и значаен инвеститор, што нуди можности за зајакната економска соработка.