Попоски – Курц: Поддршка за справување со бегалската криза

Шефот на австриската дипломатија Себајстијан Курц во рамки на балканската турнеја денеска престојува во Скопје.

Тој оствари работна средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски. На состанокот, Курц ја потврдил заложбата на Австрија да ѝ даде поддршка на Македонија во опрема и луѓе за да се справи со бегалската криза. Изразил и благодарност за помошта која и Македонија ѝ ја дава на Австрија.

Курц посочил дека неговата земја останува пријател и поддржувач на Македонија кон нејзиниот пат во Европската Унија.

На средбата било разговарано и за политичката криза во Македонија. Според Курц треба сите да го почитуваат политичкиот договор за да се обезбедат слободни и демократски избори.

Попоски и Курц разговарале и за можноста изборите да бидат набљудувани од страна на Австрија.