Попоски на затворањето на Летниот камп „Ја сакам Македонија“

На затворањето на Летниот камп „Ја сакам Македонија“ присуствуваше министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски.

Летниот камп „Ја сакам Македонија“ 2015, во организација на Министерството за надворешни работи заврши денес во 11 часот во хотелот „Десарет“ во Охрид.

На истиот учествуваa деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседството и дијаспората. Со ова Летниот камп во Охрид е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите и создавање долгорочни врски меѓу нив. Оваа година, на летниот камп учествуваа деца од 5 држави а, досега на летниот камп учествувале деца од вкупно 10 држави, соопштуваат од МНР.

Попоски на затворањето на Летниот камп „Ја сакам Македонија“
Попоски на затворањето на Летниот камп „Ја сакам Македонија“

Пред присутните се обрати и ги поздрави министерот Никола Попоски, кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет.

Успешноста на Летниот камп во иднина отвора можност за одржување и на камп за средношколци. На учесниците на овогодинешниот камп МНР Попоски им додели книги на благодарници и книги на македонски јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.