Попоски: Македонија е подготвена и заслужи да ги започне преговорите

Министерот за надворшни работи, Никола Попоски, денеска оствари средба со Постојаните претставници – Амбасадори на земјите-членки во Советот на ЕУ во Брисел и претставници на Европската комисија. Домаќин беше Постојаниот претставник на Унгарија при ЕУ, Петер Ѓоркос.

Можноста беше искористена за размена на мислења за перспективите на Република Македонија за почеток на пристапни преговори со ЕУ по шест последователни препораки од Европската комисија.

image2

„Факт е дека Макеоднија одамна е подготвена и заслужи да ги отвори преговорите за членство. Постојат очекувања сите политички актери да дејствуваат во рамките на институциите. Одлуката за следните чекори во евро-интеграциите и почетокот на преговори, останува во Атина. Потребна е промена во пристапот. Отворен дијалог околу досегашниот метод, а тоа е препораки без одлуки, е неопходен. Има последици од неодлучувањето. Тоа се оправдуваше со очекувањето дека на тој начин ќе се реши грчко-македонскиот спор. Во пракса, проценките се непроменети“, рече Попоски.

Повторување на иста постапка и очекувања на различен резултат не е најсоодветен пристап затоа бараме поотворен пристап. Од наша страна ќе работиме на реформите и приближување на јужниот сосед на сите полиња, како и со останатите соседи. За да направиме разлика, нам ни треба реална европска перспектива. Тоа е неопходно и за ЕУ и е секако во интерес на регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.