Попоски: Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на границата

Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на својата граница слично како што тоа го стори Унгарија за да го сопре големиот прилив мигранти, изјавил македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски пренесува Ројтерс.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за унгарскиот неделник „Фигело.“ Тој рекол дека на Македонија веројатно „ќе и треба некоков вид на физичка одбрана, иако тоа нема да биде долгорочно решение.“

begalci-ograda-ungarija

Но, ако се земе сериозно што Европа бара од нас да направиме, исто така ќе треба да се земе во предвид и тоа. Или војници или ограда или комбинација од двете, рекол Попоски.

Тој истакнал дека Македонија прави најдобро што може да ги регистрира сите мигранти.

Но, што и да направиме од она што го бараат нашите партнери, да ја контролираме границата и да ги спречиме луѓето, веднаш добиваме негативни меѓународни реакции, изјавил Попоски.

Земјите од Западна Европа, како Франција и Германија ја критикуваа Унгарија поради изградбата на 175 километри долгата ограда долж границата со Србија, со цел да се спречи напливот на мигранти кои нерегистрирани поминуваат на нејзината територија.

Годинава од југ во Унгарија влегле повеќе од 160.000 мигранти, кои што транзитираат низ Грција, Македонија и Србија бегајќи од сопствените земји кои што се зафатени од војни.

Во понеделникот во Македонија беше забележан рекорден број од 7.000 сириски мигранти кои што влегоа на територијата на Македонија, мала и релативно сиромашна поранешна југоловенска република, пишува Ројтерс.