петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 55

Попоски: На 11 декември ќе ги пратиме во историјата оние кои го потценуваат народот и им ја виткаат кичмата

poposki-nikola

Последни вести

Претставува чест и задоволство на овие избори да испратиме во историјата некои деструктивни ликови и потенцирам дека во изминатиот период немаше желба која не им ја исполнивме и затоа на 11 декември народот треба да донесе две одлуки. Прво онаа најбитна онаа која се однесува на нашето семејство, нашите најблиски, а втората онаа во  каква држава сакаме да живееме, изјави вечерва во Центар Никола Попоски носител на ИЕ 1.

-Генерално СДСМ направи многу зулуми, затворија фабрики и избркаа луѓе од работа, а ние не го правиме тоа и имаме друга агенда, да го намалиме загадувањето, да го намалиме сообраќајниот метеж, набавка на 50 електрични автобуси за град Скопје, 3 нови локомотиви, субвенционирање на луѓето кои сакаат да се греат на пелети. Изградба на нова болница, реконструирање на досегашните болници, како и стипендирање на најдобрите 100 студенти, програмата предвидува и само вработување, зајакнување на спотот, градење на спортски игралишта и терени, но сето ова не е доволно и затоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период прифати критика и сето она што не е направено се обидовме да го направиме и ќе го направиме во иднина бидејќи Македонија тоа го заслужува.

Тој потенцираше и дека не треба да го заборавиме фактот дека ова време е привилегија да живееме како слободни Македонци, ние 20 години живееме независни и слободни за разлика од минатото. Привилегија е да имаме своја држава, јазик и да го цениме тоа што го имаме, рече тој.

-Затоа оние кои го потценуваат народот и ја виткаат кичмата треба да ги пратиме во историјата бидејќи таму им е местото. Нашиот народ е мудар и знае што е добро за нив, знае кој сака да ја предводи Македонија во иднина, затоа со пенкало во рака на 11 декември овој народ ќе заокружи за светла иднина, истакна Попоски.

Најчитани вести