Македонија

Попоски на Бледскиот стратешки форум

Попоски на Бледскиот стратешки форум
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, насловен „Зачувување на иднината“ што ќе се одржи во Блед, Словенија.

Попоски, информираат од МНР, ќе се обрати на панел-дискусијата на тема „Западен Балкан – Дали ЕУ е се уште атрактивен фактор?“.

За време на Форумот, предвидено е да оствари и билатерални средби.