Попоски на брифиг со амбасадорите од ЕУ и НАТО: Подготвени сме за преговори

Македонија е подготвена да ги почне преговорите за членство во Европската Унија и за влез во НАТО, истакна денеска министерот за надворешни работи, Никола Попоски на брифингот со амбасадорот од земјите членки на ЕУ и НАТО.

“Владата посветено продолжува да работи на реформите во правосудството и борбата против корупцијата”, потенцираше Попоски.

Попоски го нагласил напредокот со градењето на систем на следливост за ефикасноста во правосудството.

За почитувањето на слободата на медиумите, Попоски истакнал: “Владата осудува секаков говор на омраза, навреда и клевета без разлика од која страна се изречени и на кои се однесуваат”.

Фактот што Република Македонија од 2008 година ги има исполнето сите НАТО критериуми за членство и веќе 5-та година е целосно подготвена да води пристапни преговори со ЕУ, треба да се искористи за стратешки исчекор од двете организации за задржување на кредибилитетот во процесот на проширување, смета Попоски.