Попоски на годишниот традиционален состанок на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе присуствува на традиционалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија и земјите кандидати.

На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, министерот Попоски во Брисел ќе учествува на годишниот традиционален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и на земјите – кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

Главна тема на состанокот ќе биде Јужното и Иточното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со Втората женевска конференција за Сирија, уставниот процес во Египет, Самитот на ЕУ за истчното партнерство (ноември 2013), Царинската унија која ја промовира Руската Федерација, како и ситуацијата во Украина.

Исто така, дел од дискусиите ќе се фокусираат и на заклучоците од состанокот на Европскиот Совет за Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, одржан во декември 2014 година, во насока на идентификување на идните активности кои имаат за цел подобрување на ефикасноста на воените и цивилните мисии на Европската унија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.