Попоски на министерски состанок на ПСЈИЕ во Бугарија

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска ќе учествува на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Правец, Бугарија.

Настанот во чии рамки министерот Попоски ќе има обраќање, се организира како дел од редовните активности на претседавањето со Процесот за соработка во ЈИЕ, а во пресрет на Самитот на ПСЈИЕ што ќе се одржи утре во Софија, соопштуваат од МНР.