Македонија

Попоски на Министерски состанок во Братислава

Попоски на Министерски состанок во Братислава

На покана на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачката Република, Мирослав Лајчак, на 31 октомври 2014 година, министерот за надворешни работи Никола Попоски, учествуваше на Министерскиот состанок на Вишеградската четворка и Западен Балкан, во Братислава.

Како специјални гости, на состанокот присуствуваа и министерот за надворешни работи на Италијанската Република и иден висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Себастиан Курц.

Министерот Попоски го истакна значењето на форматот на состанокот како еден од подобрите начини на соработка на кој се разгледува процесот на евроинтеграции на земјите од Западен Балкан.

Посочи дека е неопходно во иднина да се фокусираме на подобрување на инфраструктурната поврзаност и бизнис климата на Балканот.

Во контекст на интеграциите во ЕУ, МНР Попоски заклучи дека во Европскиот Совет има можност меѓу два пристапи. Проверениот, кој единствено досега функционирал: а тоа е водење на преговори за членство и паралелно решавање на билатерално наметнат проблем. Овој пристап бил успешен во претходни проширувања. Алтернативата е експеримент: да се седи во Советот и чека да видиме што ке се случи.

Охрабрувачки е навистина што денес во Братислава имаме една сериозна група на земји и политичари кои се грижат за кредибилноста на ЕУ интеграцијата. Тоа е мотив повеќе за нас. Нивната порака по изјавата на Јункер е:”Да работиме за влез во ЕУ по пет години и еден ден”