Попоски на министерски состанок во Солун

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Солун ќе учествува на министерски состанок посветен на прекуграничната соработка во контекст на кризата со бегалците и мигрантите.

На состанокот, кој ќе се одржи по иницијатива на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија и на Албанија, Даниел Митов и  Дитмир Бушати.

Состанокот во Солун е со цел зајакнување на дијалогот и проширување на перспективите за понатамошна прекугранична соработка во областа на координацијата и справувањето со заедничките предизвици, како што се бегалската и миграциската криза, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

Утре доцна попладне ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, а во петок ќе има разговори меѓу министрите или претставници на министерствата за внатрешни работи на четирите земји, по што ќе се одржи и заеднички состанок на министрите за надворешни и внатрешни работи.