Попоски на министерски совет во Базел

Утре, министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува во работата на 21-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој се оддржува во Базел, Швајцарија- земјата претседавач со ОБСЕ во 2014 година.

На средбата на Министерскиот совет, министрите ќе разменат мислења за активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период како и за идните правци на делување во сферата на трите димензии кои ги покрива ОБСЕ: политичко-воената, економската заедно со животната средина и хуманата односно сегментот на човековите права.

МНР Попоски ќе има обраќање на овој форум во кој членуваат сите 57 земји членки од Ванкувер до Владивосток.