Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит

На покана на францускиот министер за надворешни работи, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на подготвителниот состанок за Парискиот Самит, кој ќе се одржи на 4-ти јули во Париз.

Овој самит е продолжение на Берлинскиот процес кој започна во 2014 година, а има цел да даде поддршка за целосна интеграцијата на земјите од Балканот во ЕУ.

Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит
Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит

Како што информираат од МНР, Попоски истакна дека европските вредности и принципи треба доследно да се применуваат за билатералните прашања во регионот. Тие треба да бидат надминувани, како и во минатото, во рамки на пристапниот процес кон ЕУ. Воедно и реформите неопходни за членство, кои најчесто се болни за кандидатите, најдобро се спроведуваат при веродостоен процес, кој јасно ја кажува рамката за членство во ЕУ.

Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит
Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит

Колку подолго земјите од регионот на југоисточна Европа се оставаат надвор од ЕУ, толку повеќе се остава простор за проблеми и минирање на европскиот процес, констатираше Попоски.

На министерскиот состанок, се разговараше за главните прашања на регионалната соработка – енергетското и транспортното поврзување во регионот, како и  младите, како главни фактори за економски развој. Во тој контекст, најавено беше основање на Регионална канцеларија за соработка на млади, на самитот во Париз.

Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит
Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит

На министерскиот состанок беа разменети мислења за предизвиците од мигрантската криза, заканите од тероризам преку враќањето на борци од регионот кои учествуваат во тековните воени конфликти во Сирија и Ирак, влијанието на билатералните спорови и пристапот во нивно надминување, кои исто така ќе бидат дел од Парискиот Самит во јули.

Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит
Попоски на подготвителниот состанок за Парискиот Самит

За време на работната посета, Попоски оствари билатерална средба со францускиот Министер за надворешни работи Жан Марк Еро. На средбата беа разменети мислења за регионалните односи и неопходноста од веродостоен процес на интегрирање во ЕУ, што е во суштината на Берлинскиот процес.

Во рамки на посетата, Попоски се сретна и со државниот секретар – Харлем Дезир, советникот на францускиот претседател Франсоа Оланд за европски и меѓународни прашања – Сирил Пикмал, повеќемина министри за надворешни работи од регионот, како и Комесарот Јоханес Хан.