Попоски на самит на НАТО во Кардиф

Во рамки на Самитот на НАТО во Кардиф, министерот за надворешни работи Никола Попоски, утре ќе учествува на сесијата посветена за ангажманот на алијансата во Авганистан (ИСАФ формат) на ниво на шефови на делегации од сите земји членки на НАТО и земјите партнери.

На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство – Република Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Во овој формат ќе се дискутира и за политиката на проширување на алијансата.

Министерот Никола Попоски, во Кардиф, ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година и напорите кои се вложуваат за негова реализација како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, после констатацијата од меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.