Попоски на Самит во Дакар

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на 15-от Самит на Франкофонијата посветен на темата “Жените и младите, вектор на мирот и развојот“ што се одржува во Дакар, Република Сенегал.

Предвидено министерот Попоски да оствари повеќе билатерални средби со шефовите на делегациите од земјите членки на франкофонскиот свет распространет на петте континенти.

Македонија е полноправна земја членка на меѓународната организација на франкофонијата од 2006 година споделувајќи го францускиот јазик и вредностите заедно со преостанатите 76 земји членки и набљудувачи на втората по големина светска меѓународна организација.

Овој висок форум, како што соопштија од Министерството за надворешни работи, се состанува на секои две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.