Попоски на состанок на Министри за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски ќе учествува на состанокот на Министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан, што ќе се одржи во Драч, Албанија.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи, на Конференцијата ќе се дискутира за прашања и проекти важни за унапредување на регионалната соработка во повеќе области. Посебен акцент ќе биде ставен на проекти за регионалното поврзување, младинската балканска соработка, Фондот за Западен Балкан, како и за регионалната соработка во справувањето со мигрантската криза.

Покрај Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, предвидено е на настанот да присуствуваат и Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ и Министерот за надворешни работи на Словачка Лубомир Заоралек во својство на Претседавач со Вишеградската група.