Попоски на состанок околу миграциската криза во Луксембург

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денес на покана на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Федерика Могерини и неговиот колега од Луксембург, Жан Аселборн, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство – Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.

Миграциската криза во фокус на состанокот

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, дискусиите на состанокот, кој почна вчера, се фокусирани на актуелната миграциска криза, која потекнува од земјите од јужното соседство на ЕУ, како и нејзиното менаџирање од страна на земјите-кандидати кои се соочени со масовен наплив на илегални мигранти.

 

 

На маргините на состанокот, предвидено е министерот Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите-членки на ЕУ.