Попоски на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЦЕИ

На покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак во својство на претседавач, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 16 јуни 2016 година ќе учествува на состанокот на Министрите за надворешни работи на земјите членки на Централно Европската Иницијатива, што ќе се оддржи во Бања Лука.

На состанокот ќе бидат разменети мислења за актуелните односи и случувања во регионот и пошироко, иницијативите и проектите за унапредување на  регионалната соработка и добрососедството во светло на процесите на европска интеграција, како и предизвиците поврзани со актуелната мигрантско/бегалска криза.