Попоски на состанокот на Северно–атлантскиот Совет на НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Северно–атлантскиот Совет на НАТО во формат „Решителна поддршка“, што денеска и утре ќе се одржи во Анталија, Република Турција.

На состанокот, како што информира МНР, ќе се разгледуваат прашања поврзани со мандатот на мисијата во Авганистан предводена од НАТО, чија цел е преку обука, тренинг и помагање на авганистанските безбедносни сили, воспоставување стандарди, процеси и системи кои ќе и овозможат на авганистанската Влада да ја преземе целосната одговорност за безбедноста на земјата.

Во рамки на состанокот министерот Попоски ќе има излагање, а ќе оствари и билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО за промоција и остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Македонија.