Македонија

Попоски на средба со Јанкович: Европскиот идентитет и иднината на Балканот

Попоски на средба со Јанкович: Европскиот идентитет и иднината на Балканот

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше средба со Петер Јанкович, поранешен министер за надворешни работи на Австрија и актуелен генерален секретар на Австриско-Францускиот центар за приближување во Европа, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

Посетата на Јанкович, како што соопштуваат од МНР, е поврзана со подготовките на конференција во организација на Австриско-Францускиот центар, на тема “Европскиот идентитет и иднината на Балканот“, планирана да се одржи во мај оваа година во Скопје.

Средбата била искористена за разговор за можностите за натамошна соработка со Австриско-Францускиот центар. Во тој контекст биле разменети мислења и за важноста на европската перспектива за Република Македонија и поддршката за почеток на пристапните преговори со Унијата.