Попоски на средба со Себастијан Курц во Виена

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во Виена ќе оствари средба со австрискиот министер за интеграции и надворешни работи, Себастијан Курц, во контекст на австриското претседавање со Централно европската иницијатива-ЦЕИ.

Министрите ќе разговараат за можностите за зајакнување за можностите за зајакнување на регионалната соработка, поддршка за интеграцијата на регионот во ЕУ, поттикнување на економската активност во ЈИЕ.

Во овие рамки, утрешниот ден, 3 јуни, е посветен на Виенската конференција за Западен Балкан 2014, на тема: “ЕУ како мировен проект – следни чекори во процесот на проширување”, на која министерот Попоски ќе земе учество.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.