Попоски на средби со граѓани во Гостивар

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” за изборната единица 6, Никола Попоски, денеска во Гостивар заедно со кандидатот за пратеник од општина Гостивар, Сашо Аќимоски, остварија повеќе средби со граѓани на овој град и го посетија основното училиштето „Кемал Ататурк”.

Попоски се сретна и со претседателот на Демократската партија на Турците и кандидат за пратеник од коалицијата „За подобра Македонија”, Кенан Хасипи.