Попоски на традиционалниот Европски политички самит во Брисел

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на традиционалниот Европски политички самит, кој во организација на тин-тенк институтот „Пријатели на Европа“ се одржува во Брисел на тема „Заживување на Западниот Балкан”.

Како што најави Министерството за надворешни работи, предвидено е министерот Попоски да има свое излагање во рамки на втората сесија од еднодневниот собир со наслов „Економски развој: дали е чашата половина полна ?”.