Попоски: Набавка на 50 електрични автобуси за справување со загадувањето

Во делот на справување со загадувањето ќе ни бидат потребни мерки и чекори од секој од нас поединечно, истана денес Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За оние најважните пред се кои се однесуваат на сообраќајот, предвидена е во програмата набавка на 50 електрични автобуси. Воедно ќе воведеме субвенционирање на набавката и вградувањето на плински уреди. Ова е еден од главните предизвици и вклучително една од најголемите одговорности со оглед на огромната поддршка која ја доби ВМРО-ДПМНЕ на последните избори, посочи Попоски.