среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Попоски: Над милион садници и електрични возила за подобрување на климата во Скопје

nikola-poposki

Последни вести

Во Скопје за во следниот период се предвидени над милон садници, како и набавска на електрични возила, електрични автобуси и други субвенции се со цел намалување на загаденоста на воздухот во град Скопје, изјави кандидатот за пратеник и носител на листата во ИЕ1, Никола Попоски.

-Во следниот период во Скопје предвидуваме над милон садници низ целата територија на градот. Имаме предвидено субвенции за електрични возила, ќе воведеме 50 електрични автобуси во Скопје, доплнително на тоа ќе направиме субвенции за користење на системи за греење со пелети.

Попоски додаде дека со ваквите чекори постепено треба да се подобри атмосферата и климата во градот.

-Сето ова треба постепено да ја подобрува атмосферата и климата во град Скопје. Ние не се занимаваме со раскажување приказни, како некои кој никогаш не решиле ниту еден проблем, а знаат за се да кажат што чини што не чини. Треба да сме реални, тоа што можеме тоа да го направиме и сигурен сум дека во вистинска насока ќе одат работите, додаде Попоски.

Најчитани вести