Попоски од Атина : Подготвени сме да и помогнеме на Грција да почне да го почитува меѓународното право

Потребата од почитување на меѓународното право во контекст на случувањата со Украина, Крим и Русија беше темата за која што најмногу се говореше на дводневниот неформален состанок на шефови на дипломатии во рамките на грчкото претседавање со Европската Унија.

Темата за меѓународното право е наш терен бидејќи ние го почитуваме, но нашите домаќини послабо стојат на тоа поле и ние сме подготвени да им помогнеме тоа што го зборуваат и да го применат, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по состанокот.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, македонскиот министер за надворешни работи порача дека во моменти кога толку многу се зборува за меѓународното право, значајно е тоа и да се применува, а во тој контекст од особена важност е пресудата од Хаг.