Македонија,Политика

Попоски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка на стопанството

Попоски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка на стопанството

Носителот на листата за изборна единица 6 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија”, Никола Попоски, во рамките на денешната посета во Тетово оствари средби со старите тетовски семејства од горните маала на градот, како и со претставниците на руската заедница во Тетово.

Дополнително, Попоски го обиколи централниот дел на градот и ги посети дуќанџиите со кои што разговараше за предизвиците на стопанствениците, како и мерките на Владата на Република Македонија за подобрување на бизнис климата во државата.

Денешната агенда во градот под Шара, носителот на ВМРО-ДПМНЕ во изборна единица 6 ја заврши со претставување на делот од проектите содржани во програмата на ВМРО-ДПМНЕ “Проверено”, пред граѓаните од населбите Мала Станица и Ченто.